Утрински Весник
Спорт

Лапорта: Реал игра валкано, победува со помош на судиите

88813tio Default 0 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Џоан Лапорта не е импресиониран од успесите на најголемиот ривал Реал Мадрид. Првиот човек на Барселона тврди дека Реал „игра валкано“.

Барселона неуспешно ја заврши сезоната 2023/24 година. Не успеа да ја одбрани титулата, заврши на второто место со 10 поени помалку од Реал. Од „кралскиот куп“ доживеаја пораз во Суперкупот (4:1), во Купот испаднаа во четвртфиналето, а во Лигата на шампионите не успеаја да го минат четвртфиналето.

„Реал? Победите и трофеите се важни, но не е дозволено да користат сите средства за да се дојде до нив. Успесите постигнати на овој начин веќе не се вредни. Реал игра многу валкано“, изјави Лапорта за „Barca One“ и дополни.

„Реал одигра многу валкано против нас во случајот со Негреира, без докази не обвинија дека купуваме судии и натпревари. Покрај тоа, скандалозно е тоа што Реал го прави на клупската телевизија, кога пред натпреварите објавуваат видеа против судиите кои треба да им судат. Ова ја менува тезата, но и историјата, бидејќи клубот кој секогаш имал помош од судиите, тврди дека судиите работа за Барселона“.

Претседателот на Барселона го коментираше трансферот на Килијан Мбапе во Реал.

„Што се однесува до доаѓањето на Мбапе во Реал, повеќе верувам во филозофијата на Барса, а тоа е создавање таленти во нашата академија Ла Масија“.

Можете да прочитате

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место

Лазаров означи старт на подготовките за ЕП: Спортски е да се надеваме на успех

Седлоски нов селектор на Македонија