Утрински Весник
Македонија

Петровска ќе го носи СДСМ на победнички патеки

3bd63a50 B462 4be4 Bc2f 186cd8c9b2ae.jpg

Поранешната министерка за одбрана и сегашен пратеник поднесе кандидатура за претседател на СДСМ.

Петровска е дете на СДСМ. Таа ги има поминато сите филтри на партијата од најниско до највисоко ниво во Партијата и е член на СДСМ 24 години, нешто со што не може да се пофалат дел од останатите кандидати.

Во изјава за медиумите по доставувањето на кандидатурата, Петровска се осврна и на изборниот пораз на партијата на парламентарните избори, додавајќи дека овој пат лекцијата мора да биде научена.

„Ниедна причина за овој изборен пораз не смее да остане скриена и не смее да остане да лебди, затоа што тоа за жал ни се случи и во 2021 година и тогаш се сметаше дека само со повлекувањето на тогашниот претседател Зоран Заев ќе се надминат некои пропусти, но очиглено дека требало посериозна реформа и да бидат направени подлабински промени. Мислам дека таа лекција овој пат е научена, барем од моја страна и затоа ја поднесувам кандидатурата и сакам да застанам на чело на СДСМ“ порача Петровска.

„Денеска, со кандидатурата Петровска ја поднесе и програмата со назив „Манифест на социјалдемократијата” со која таа најавува обединување и подобри денови за СДСМ.

Можете да прочитате

Битолчанец изнудувал пари од негова сограѓанка, па заврши во притвор

Зголемена фреквенција на возила на „Табановце“ и „Богородица“

Битолските наставници попладнево излегуваат на протест