Утрински Весник
Македонија

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Mtsp Logoo Belo.png
Dik 300x250 mk

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2024 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 јуни 2024 година.

Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

  • 05.06.2024 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ;
  • 06.06.2024 – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман