Утрински Весник
Македонија

Запленети 22 часовници вредни 272 илјади денари

1 20240603 145153.jpg

Царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферите на еден патник од Турција открија дури 22 часовници од брендот „Ника” во вкупна вредност од 272 илјади денари кои патникот не ги пријавил при влез во државата.

Патникот кој пристигнал со лет од Истанбул, саатчија по професија, на прашање на царинските службеници дали има нешто за пријавување одговорил дека нема ништо по што бил упатен на контрола со скенер.

Часовниците се запленети, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Можете да прочитате

ВЕЧЕРВА ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Голема меѓународна акција против организиран криминал

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Епицентарот во близина на Охрид

Дошле да му ја спасат шталата, тој ги нападнал – двајца пожарникари нападнати кај Прилеп