Утрински Весник
Македонија

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ одложено за 13 јуни

20240604125934 Big 730x400 31.webp.webp

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“, денеска беше одложено за 13 јуни годинава.

Како што образложи судијата Илија Трпков на почетокот на денешното рочиште во Основниот кривичен суд – Скопје, добил известување од адвокатот Еленко Миланов, кој го застапува екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, дека поради здравствени причини на близок член од семејството не можел да присуствува на денешното рочиште.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година, со која Вељаноски беше осуден на шест и пол години затвор, екс-министрите Јанакиески и Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК Атанасовски шест години затвор, и предметот го врати на повторно судење.

Процесот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Искра Хаџи Василева.

Можете да прочитате

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес

Гори над скопското село Кондово