Утрински Весник
Македонија

Филипче ќе поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Venkofilipche23.04.jpg

Поранешниот министер за здравство и сегашен пратеник на СДСМ доктор Венко Филипче најави дека влегува во трката за лидер на СДСМ.

Тој за ТВ 24 ја потврдил својата намера да се кандидира за иден лидер на СДСМ.

На последните избори Филипче ја предводеше листата на СДСМ и коалицијата во изборната единица пет, каде беа освоени пет пратенички мандати.

Филипче ја извршуваше функцијата министер за здравство во периодот на пандемијата со коронавирусот, а во СДСМ одреден период беше и потпретседател на партијата.

Венко Филипче се официјализира како трет кандидат за претседател на СДСМ, откако свои кандидатура најавија пратеничката и доскорешна министерка за одбрана Славјанка Петровска и директорот во заминување на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

СДСМ свој лидер ќе бира на внатрепартиски избори на 30 јуни, а претходно на соми јани ќе одржи и отчетен конгрес.

Можете да прочитате

СДСМ: Ќе побара ли Мицкоски одговорност од претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ со барање до ЈО – Коцевски да не молчи за незаконското следење и злоупотребата на АНБ и АР

И овој викенд на „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час