Утрински Весник
Македонија

Гаши за денес ја закажа првата координација на пратеничките групи

445488112 1020785046077684 4548123789994880952 N.jpg

Претседателот на Собранието, Африм Гаши за денес ја закажа првата официјална координација на пратеничките групи. На неа, како што информираат собраниските служби ќе се договара динамиката на формирање на собраниските комисии имајќи ја предвид намерата на новата власт веднаш да го смени Законот со кој ќе овозможи одредени министерства да се укинат, но и да се отворат нови.

Исто така, ќе се разговара и за измените на Законот за локална самоуправа и Изборниот законик, за да се најде преодно решение, да не се распишуваат избори само за неколку месеци мандат односно до одржувањето на локални избори во целата држава наредната година, во оние општини каде градоначалници веќе станаа пратеници и ќе станат министри. За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство. Новиот собраниски спикер смета дека е неуставно некој да се избере за 4-годишен мандат, а друг со ист број гласови да добие мандат од 8 месеци.

Во меѓувреме, течат преговорите за формирањето на новата Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. Партиите потврдуваат дека разговорите се во финална фаза, но официјално имиња не се откриваат, иако на дневен ред се и вторите и третите ешалони.

Рокот за доделување на мандатот за состав на идната влада истекува на 7-ми јуни. Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова идната недела ќе го додели на Мицкоски мандатот за состав на новата влада.

Се огласија и од Алијанса за Албанците на Зијадин Села. Оттаму критикуваат дека Албанците се обесправени.

Претходно, од Коалицијата ВЛЕН кажаа дека очекуваат преговорите за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ да завршат во наредните дена.

Можете да прочитате

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките

ЕСМ понуди поскапа цена на тендерот на ЕВН ХОУМ