Утрински Весник
Македонија

СЛЕДУВА СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Можен е крупен град, како и локални поројни поплави

Messenger Creation D047045c 1dc9 462b 9b63 859249a9f466.jpeg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност од запад  и од северозапад, во следните часови, како и утре во Македонија времето ќе биде многу нестабилно со честа  и локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Поради големата енергија во атмосферата, токму поради топлиот бран од Африка  и поради високите температури на воздухот, локално, особено во централните, источните  и во југоисточните предели од државава процесите ќе бидат интензивни и во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој во ваква ситуација би можел да биде и крупен.

Нашата алатка НОТАС за рано предупредување од невреме, за следните часови и за утре предвидува ниво 3, тоа значи засилен ризик од појава на невреме:

И во делови од Скопскиот регион ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме.

Поради опасност од појава на невреме, кое би можело да предизвика и локални поројни поплави, но и штети, апелираме на крајна внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на крупен град, автомобилите да се заштитат. Секако во случај на појава на силен ветер, истите да не се оставаат во близина на дрвја.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, во Скопје до околу 31-32 степени.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор