Утрински Весник
Македонија

Татко лани го тепал детето и дома му нашле пушка – ќе одговара кривично

Nasilstvo.jpg

СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.З. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело телесна повреда и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Настанот за кој е поднесена кривичната пријава се случил на почетокот на август минатата година кога пријавениот физички го нападнал неговото малолетно дете, по што при претрес во неговиот дом била пронајдена автоматска пушка калибар 7,62 мм.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Ги продлабочуваме стратешките партнерства во интерес на економскиот развој

Приведени петмина турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој

Запленети пури во вредност од четири илјади евра