Утрински Весник
Македонија

Деспотовски: Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење за лидер на СДСМ

Images 12.jpg

Јован Деспотовски објави дека ќе се кандидира за претседател на СДСМ, а кандидатурата ќе ја поднесе во зависност од роковникот. Тој вели дека овие избори не треба да се сведат на пазарење, туку на натпревар на концепти и идеи и да им се овозможи на луѓето да се изјаснуваат без притисок и без пазарење. Деспотовски е уверен дека на партијата, покрај длабоките реформи, и е потребен и лидер кој ќе обединува. „Обединувањето на партијата треба да почне да се случува веќе сега, меѓутоа не на начин на којшто треба сите потенцијални структури или структури внатре да седнат и да се договараат, затоа што тоа е погрешен пристап. Пазарењето е погрешен пристап. Треба да се обединиме околу целта да имаме еден процес во којшто сите членови на партијата ќе им дадеме право, без фаворизирање и без странични игри, самостојно да се изјаснат за програмите кои треба сите кандидати да ги понудат“, рече Деспотовски. Според досегашните информации, за оваа функција се очекува да се кандидираат и Стефан Богоев, Славјанка Петровска, а се споменува и ексминистерот за здравство, Венко Филипче.

Можете да прочитате

Николова: Мицкоски без грам совест и одговорност потроши 20.000 евра на повратни билети за САД

Скопјанец удрил лице кое управувало тротинет

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир