Утрински Весник
Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе го почитува Преспанскиот договор,но за разлика од други го почитува и меѓународното право

Foto 2 3 1536x1014 1.jpeg

Претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска од Охрид каде присуствуваше на отворањето на 18. Европски конгрес FIEPS Europa и 6-тата Научна конференција RPESH на европските спортски педагози, посветена на физичкото образование, спортот и рекреацијата, порача дека ќе го почитува Преспанскиот договор, како и оти, „за разлика од други“, го почитува и меѓународното право. Сиљановска-Давкова истакна дека начинот како ќе го користи името на државата е „лична определба, право што е загарантирано со повисоки акти од билатералните договори“. Пред медиумите претседателката истакна дека има план како преку разговори да ги убедува Грците, дека е во право кога го користи името Македонија наместо уставното име на државата. -Планот е градење добрососедски односи. Планот е нудење почит и барање самопочит. И мислам дека како што во политиката треба да се трага по уметноста на можното, ќе го направиме набрзо. Мојата прва изјава беше дека нема да одам по светот, дека сакам да се сретнам со соседите и мислам дека ќе го остварам тоа. Се разбира за разговор се потребни сите околу вас и ние немаме друг избор освен да разговараме. Дијалогот е здрава работа и ако нема взаемна почит нема да има резултат. Политиката бара дијалог и јас сум спремна да трагам по тоа и взаемно да ги надминеме проблемите, порача Давкова. За предупредувањата од официјална Атина дека не е исклучена можноста од покренување постапка пред Меѓународниот суд во Хаг за непочитувањето на одредбите на Преспанскиот договор, Давкова потсети на претходните пресуди на истиот тој суд што не беа почитувани од Грција.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор