Утрински Весник
Свет

Канцеларија на ОН: Хуманитарната помош во Газа не стигнува до жителите

Gaza3.webp.webp

Хуманитарната помош која е одобрена да влезе во Појасот Газа не стигнува до населението, објави портпаролот на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA) на редовниот брифинг со новинарите во Женева.

Помошта што доаѓа во Газа не стигнува до населението и тоа е голем проблем“, изјави портпаролот на OCHA, Јенс Лаерке и изјави дека затоа е потребна дополнителна помош.

Тој првенствено мислеше на однесувањето на израелските власти на граничниот премин Керем Шалом, главната влезна точка за помош, откако израелската армија ја презеде контролата врз граничниот премин Рафа кон Египет на 7 мај од палестинска страна.

„Продолжуваме да ја нагласуваме улогата на израелските власти, врз основа на законот, да се погрижат помошта да не запре на границата“, нагласи Лаерке.

Тој објасни дека обврската не престануваат кога камионите ќе ја поминат границата неколку метри, а хуманитарните работници ќе останат да поминат низ активната борбена зона за да ја подигнат, бидејќи тоа е нешто што не можат да го направат.

Портпаролот објасни дека е потребен и непречен пристап до местото каде што е доставена помошта за да може да се подигне и достави до луѓето.

„Секако дека сакаме сите страни да ги почитуваат своите обврски врз основа на законот. Затоа има известувања и мерки за деконфликтност. На нив останува да ги исполнат своите обврски“, заклучи портпаролот.

Можете да прочитате

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот

Новинар тврди: Албанските спортисти на отварањето на ОИ вееле лажно знаме