Израелската Партија за национално единство, предводена од министерот за воен кабинет Бени Ганц, поднесе предлог-закон за распуштање на израелскиот парламент и одржување предвремени избори во земјата, објави израелскиот весник Хаарец.
Во Израел со недели се одржуваат протести со кои се бара предвремени избори, а демонстрантите тврдат дека владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху лошо управува со војната во Газа и дека не направила доволно за да постигне договор со палестинскиот Хамас за враќање на заложниците од палестинската енклава.
Ганц кон средината на месецот објави дека неговата опозициска Партија за национално единство ќе се повлече од коалициската влада доколку планот за повоено управување со Газа не биде консолидиран и одобрен до 8 јуни, со што се доведува во прашање иднината на израелската влада.
Нетанјаху потоа го обвини дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас“, и дека исполнувањето на неговите барања ќе значи „крај на војната и пораз на Израел, ослободување на повеќето заложници, оставање на Хамас на власт и создавање на палестинска држава.