Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против двајца измамници, зимале пари за наводни сообраќајки со жртви

Denari Izmama.jpg

Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.И.В.(58) од Република Бугарија и А.Т.(41) од Охрид.

Во периодот од 30 април до 13 мај 2024 година, Е.И.В. и уште едно лице телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на Охрид и лажно се претставувале како службени лица, по што им кажувале дека членови на нивните семејства предизвикале сообраќајни несреќи во кои имало жртви.

Доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им барале пари со цел да ги ослободат од затворски казни, по што А.Т. одел на средба со оштетените, ги земал парите и во соседна земја ѝ ги предавал на Е.И.В. На овој начин, тие извршиле три кривични дела со што се стекнале со вкупна противправна имотна корист од 1.894.983 денари.   

Можете да прочитате

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство

Работна посета на МЕП Муртезани на Ирска

Во Загреб изложба на фотографии во чест на 50 години соло кариера на Влатко Стефановски