Утрински Весник
Македонија

И по две гласања Уставен не успеа да избере нов претседател

Bozadzieva I Daneva Ustaven Kolaz 1.jpg

Членовите на Уставниот суд денеска бираат нов претседател кој ќе ги предводи во следните три години, а како што дознава „360 степени“, досега имало две гласања, кои завршиле неуспешно, односно без да биде избран претседател.

Кандидатки за наследник на актуелната претседателка Добрила Кацарска, според нашите информации, се нејзините колешки Татјана Васиќ-Бозаџиева и Ана Павловска-Данева.

На првото гласање, вели извор за порталот 360 Степени, од вкупно деветте судии кои го сочинуваат Уставниот суд, петмина гласале за Васиќ-Бозаџиева, а четворица за Павловска-Данева.

И второто гласање завршило со идентичен исход, односно со пет (за Васиќ-Бозаџиева) наспрема четири (за Павловска-Данева).

Инаку, за избор на претседател на Уставниот суд потребно е двотретинско мнозинство од вкупниот број судии или најмалку шест гласа за еден од кандидатите.

Следното гласање, велат изворите, е закажано за во 12.30 часот.

Како што соопштија од Уставниот суд пред почетокот на седницата, изборот се врши согласно член 7 од Деловникот за работа на Судот.

„Уставниот суд на седница избира претседател на Уставниот суд од редот на судиите со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судиите, со тајно гласање. Секој судија може да предложи кандидат за претседател на Уставниот суд. Предлогот за кандидат за претседател на Уставниот суд го утврдува комисија од тројца судии избрани со мнозинство од вкупниот број на судиите. Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува“се наведува во соопштението од Уставен

Можете да прочитате

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини