Утрински Весник
Македонија

Во еден ден прегазени двајца пешаци во Скопје, пренесени во болница со тешки повреди

Stop.webp.webp

Вчера во 11.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на платото од Станица за технички преглед на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(44) од с.Љуботен, скопско, удрило во пешакот Д.Л.(54) од с.Чучер Сандево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Неколку часа подоцна поточно во 16.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Петричка“ во Скопје, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(21) од Скопје, удрило во пешакот М.Р.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Р., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

За двата случаи извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје

Можете да прочитате

Савески: Телефонскиот разговор со премиерот не го доживеав како притисок

Повик до сопствениците да ги отстранат кајчињата од јавните површини долж брегот на Охридското Езеро

АНБ и МВР со акција против група поврзана со меѓународна терористичка мрежа