Утрински Весник
Свет

Европската унија воведува нови царини за увоз на жито од Русија и Белорусија од 1 јули

Zito Rusija.jpg

Советот на Европската унија денеска усвои регулатива со цел воведување нови царини за увоз на жито од Русија и Белорусија.

„Целта на новите царини е практично да се запре увозот на жито од Русија и Белорусија“, изјави белгискиот министер за финансии Винсент ван Петегем.

Тој додаде дека овие мерки ќе спречат дестабилизација на пазарот на жито во Европската унија, ќе го запрат рускиот извоз на „нелегално присвоено жито произведено на територијата на Украина“ и ќе ја спречат Москва да ги користи приходите од извозот на овие производи за понатамошно финансирање на војната.

„Ова е уште еден начин на кој ЕУ ја покажува својата постојана поддршка за Украина“, нагласи белгискиот министер.

Регулативата ги зголемува увозните давачки за житарици, маслодајни семиња и преработени производи, како и за сув грашок и пелети од шеќерна репка од Русија и Белорусија.

Новите мерки кои ќе стапат во сила од 1 јули нема да влијаат на транзитот на споменатата стока преку ЕУ од споменатите две земји, се посочува на веб-страницата на Советот на Европската унија.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30