Утрински Весник
Свет

Повторно еруптираше вулкан на Исланд, прогласена вонредна состојба

Vulkan Island.jpg

На југозападниот дел на Исланд, повторно еруптираше вулкан, поради што властите го евакуираа познатиот геотермален спа центар Blue Lagoon, познат по топлата вода со прекрасна сина боја и малиот рибарски град Гриндавик. Ова е петта ерупција во областа од декември.

Исландската метеоролошка служба (ИМО) наведува дека новата пукнатина од која избива лавата е долга повеќе од 2,5 километри и продолжува да расте. На снимката се гледа како вулканот исфрла лава до височина од 50 метри, додека огромни облаци од пепел го покриваат поголемиот дел од небото.

Официјални лица денеска објавија и интензивни потреси пред ерупцијата. Повеќето од 4.000 жители на Гриндавик беа трајно евакуирани во ноември, пред ерупциите во декември, јануари, февруари и март. За време на јануарската ерупција, по улиците на Гриндавик течела лава и проголтала три куќи.

Неколку жители оттогаш се вратија да живеат во соседните места кои се помалку загрозени, но сега се повторно евакуирани кога магмата почна да тече поблиску до Гриндавик, пишува Би-би-си. Властите денеска прогласија вонредна состојба. Ерупцијата се случи неколку часа откако властите наредија евакуација на Гриндавик и Сината лагуна, каде утринава имаа меѓу 700 и 800 посетители.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот