Утрински Весник
Спорт

Белингем најскап фудбалер во светот

20240529152433 Big 730x400 84.webp.webp

Напаѓачот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, ја предводи листата најскапи фудбалери во светот, објави денеска Меѓународниот центар за спортски студии (CIES), фудбалска опсерваторија со седиште во Нојшател.
Фудбалската опсерваторија објави листа на 100-те највредни фудбалери во светот, а на врвот е играчот од средниот ред на англиската репрезентација и Реал Мадрид со проценета вреџдност од 280 милиони евра.
На второто место е норвешкиот напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, чија пазарна вредност е 255 милиони евра, а трет е напаѓачот на Реал, Винисиус Жуниор (240 милиони евра).
Во ТОП 5 се и напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго (221 милион евра) и офанзивниот играч за врска на Манчестер Сити, Фила Фоден (204).

Топ 10 најскапи фудбалери (во милиони евра):
280 – Џуд Белингем (Англија / Реал Мадрид)
255 – Ерлинг Халанд (Норвешка / Манчестер Сити)
240 – Винисиус Јуниор (Бразил / Реал Мадрид)
220 – Родриго Гоес (Бразил / Реал Мадрид)
203 – Фил Фоден (Англија / Манчестер Сити)
195 – Букајо Сака (Англија / Арсенал)
168 – Џулијан Алварез (Аргентина / Манчестер Сити)
140 – Ламин Јамал (Шпанија / Барселона)
135 – Мартин Одегард (Норвешка/Арсенал)
133 – Флоријан Вирц (Германија / Баер Леверкузен).

Можете да прочитате

Целиот стручен штаб на ФК Вардар поднесе оставка

Мукаетов најави повлекување од позицијата претседател на РФМ

Бразилецот Матеус Еванжелиста и французинката Каролин Жуис победници на 37. Охридски пливачки маратон