Утрински Весник
Свет

Хутите нападнаа шест бродови во Црвеното Море, Арапското Море и Средоземното Море

20240529164311 Big 730x400 23.webp.webp

Јеменските Хути нападнаа шест бродови во три различни мориња, вклучително и носачот на нафта „Лаакс“ што плови под знамето на Маршалските острови, а е оштетен по нивниот напад во близина на брегот на Јемен, соопшти денеска јеменската бунтовничка група поддржана од Иран.

Бродот „Лаакс“ бил нападнат вчера, јавија британските медиуми.

Хутите, исто така, ги нападнаа бродовите „Мореа“ и „Селајди“ во Црвеното Море, „Алба“ и „Маерск Хартфорд“ во Арапското Море и бродот „Минвера Антонија“ во Средоземното Море, изјави воениот портпарол Јахја Сари во телевизиски говор.

Хутите, кои ги опишуваат нивните напади како акти на солидарност со Палестинците во војната во Газа, од ноември извршија напади со беспилотни летала и ракети во регионот на Црвеното Море, а подоцна се проширија во Индискиот Океан.

Тие постојано се закануваат дека ќе ги напаѓаат сите бродови кои пловат кон израелските пристаништа, дури и во Средоземното Море.

Можете да прочитате

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот

Новинар тврди: Албанските спортисти на отварањето на ОИ вееле лажно знаме