Утрински Весник
Македонија

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ја запозна претседателката Сиљановска-Давкова за тековната работа на Народната банка

Foto 2 3 Scaled.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка на Република Северна Македонија.

На средбата, прва по нејзиното стапување на функцијата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за тековната работа на Народната банка и остварувањето на предвидените цели, насочени кон постигнување и одржување на ценовната стабилност и кон одржување на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем.

На средбата гувернерката Ангеловска-Бежоска ги претстави и стратегиските цели насочени кон унапредување на спроведување на монетарната политика, стабилноста на банкарскиот систем, непреченото функционирање на платните системи, управувањето со девизните резерви, а во функција на обезбедување на услови за ефикасни, иновативни и сигурни финансиски услуги.

Претседателката Сиљановска Давкова ги поздрави напорите на Народната банка за зачување на макроекономската стабилност на државата, во услови на геополитички и геоекономски ризици.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска упати честитки до претседателката Сиљановска Давкова по повод стапувањето на функцијата и ѝ посака успех во работата.

Можете да прочитате

Муцунски во работна посета на Германија, Обединетото Кралство и Ирска

Уапсен 18-годишник по предизвикан хаос од Василево до Богданци

Николоски: Од 2 јули нова директна линија Анкара- Скопје и карго железничко поврзување меѓу Македонија и Турција