Утрински Весник
Балкан

Словенија задутре одлучува за признавањето на Палестина

Slovenija.jpg

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска изјави дека словенечката влада во четврток ќе донесе одлука за признавање на палестинската држава, по што одлуката ќе биде испратена до парламентот на конечно одобрување.

Шефот на словенечката дипломатија Тања Фајон изјави дека гласањето во парламентот може да се одржи на 4 јуни.

Голоб за време на денешната посета на Алжир рече дека во меѓувреме Словенија ќе продолжи да работи со други земји за да создаде максимален притисок за итен прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците кои ги држи Хамас, пренесе агенцијата СТА.

Голоб посочи дека Словенија како одговорна членка на Советот за безбедност на ОН е должна да направи се што е во нејзина моќ за да постигне траен мир на Блискиот Исток.

– Ова е силна, навистина историска порака дека го признаваме постоењето на Палестинците, нивната државност и нивното право на самоопределување, изјави Фајон за СТА на маргините на отворањето на новите простории на словенечките дипломатски претставништва во Брисел.

Фајон нагласи дека одлуката за признавање на палестинската држава не е насочена против Израел, наведувајќи дека Словенија ќе продолжи да се занимава со воспоставување мир на Блискиот Исток и безбедност и на Израелците и на Палестинците.

Словенечката влада на 9 мај ја започна процедурата за признавање на Палестина, најавувајќи дека соодветната одлука ќе ја испрати до парламентот до 13 јуни.

Можете да прочитате

За две недели во Косово регистрирани 19 заразени од Ковид-19

Албанија: Усвоена новата изборна реформа, малцинствата не добија загарантирани места во Парламентот

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата