Утрински Весник
Македонија

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ е против „Северна Македонија“ а го избриша „Република Македонија“ од својот Статут

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Една работа која што тие (ВМРО-ДПМНЕ) ја премолчаа и сѐ уште молчат за прашањето кое јас и во предизборната кампања ѝ го поставив на мојата соговорничка, носителката на ИЕ 6, а тоа е ако ВМРО-ДПМНЕ навистина има цврста позиција за името, не го прифаќа името „Република Северна Македонија“ тогаш зошто од сопствениот статут го има избришано името Македонија, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во емисијата Топ Тема на Телма.

Таа забележа дека ниту претседателката на државата, но и ниту функционерите од ВМРО-ДПМНЕ воопшто не го користат терминот Република Македонија.

„Зошто не го користат Македонија како што впрочем денес во разговор, во обраќање, повикувајќи се на слободата на говорот тие тоа го прават? Затоа реков дека тоа е лицемерно. јас очекувам од еден професор по уставно право, кога изговара една заклетва, а заклетва не е говор, не е слободна интерпретација, тоа е заклетва која е пишана во законите и во правните акти на една држава, да ја испочитува докрај“ рече Петровска.

Можете да прочитате

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови

Работењето на ТИТАН Усје е под 24-часовен независен мониторинг, велат од компанија

Почина актерот Лазе Манасков – 24info.mk