Утрински Весник
Македонија

Стоилковски: Министерот Демири ниту чувствува, ниту бара одговорност, ниту пак има појма што се случува на Хирургија, одговорност ќе има

Naum Stoilkovski 1.jpg

Интегрален текст од изјава за медиуми на Наум Стоилкоски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,

10 дена цела држава, цела Македонија се прашуваше што се случува со Хирургија, министерот на СДС/ДУИ Илир Демири денеска конечно излезе од скривалиштето за да каже дека едноставно – не знае што е проблемот којшто го сведе само на лоша миризба.

Ниту побара одговорност од раководството, ниту од заедничките општи служби, ниту лично тој не понесе одговорност за неспособноста!

Едноставно откри дека никој од менаџерите не чувствувал одговорност за состојбите во Хирургија!

10 дена воздухот не бил компромитиран само имал лоша миризба, 10 дена нема операции, салите се затворени, а министерот излегува во јавност без трошка срам затоа што нема одговор.

Чувствувањето на мирис, пријатен или непријатен, е субјективно чувство, а според Демири, анализите покажале некомпромитиран воздух, додека пак операции не се вршат 10 дена. А, по 10 дена нема одговор и не чувствувал вина ниту тој, ниту ннеговите директори, затоа како што вели кусо време бил министер?

Ова почитувани е израз на самоволие, за кое што мора да има одговорност. Хирургија, Клинички, столбот на македонското здравство го рушат во темел, а Илир Демири нема појма што се случува.

Но затоа, Илир Демири е доволно министер на СДС/ДУИ за да ги брани директорите и на Хирургија, и на Токсикологија, и да држи политички говори со обвинувања кон ВМРО-ДПМНЕ за болницата во Лешок.

Почитувани, 

Ова е вистинското лице на Илир Демири, но и вистинското лице на СДС/ ДУИ.

Одговорност мора да има и ќе има и лична, и морална и политичка!

Можете да прочитате

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации 

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“