Утрински Весник
Македонија

Сејдиу: Работата е договорена и завршена, уставните измени ќе се случат!

Screenshot 20240527 130913 Chrome.jpg

Блерим Сејдиу од коалицијата „Вреди“ денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 изјави дека е убеден дека владата на ВМРО-ДПМНЕ-Вреди ќе ги спроведе уставните измени.

Сејдиу рече дека тоа ќе се случи по формирањето на Владата.

„Уставните измени дефинитивно ќе се случат, тоа значи дека нема шанси да не се случат. Таа работа е завршена и договорена, има договор за тој дел“, нагласи Сејдиу.

Можете да прочитате

Жена од Турција пронајдена почината во стан во Аеродром

Ристов очекува поскапа струја и парно од 1 јануари

Савески, Тошковски и Велковски договорија како ќе се постапува по секоја пријава за семејно насилство