Утрински Весник
Магазин

Три знаци кои се појавуваат за време на оброците сигнализираат за недостиг на важен витамин

75b854787a11610d11ea4f09b70f85a1.jpg

Витамините и минералите се исклучително важни за функционирањето на нашите тела. Најчесто ги добиваме преку храна, но ако нашата исхрана се базира на нездрава храна или ако не можеме да ги апсорбираме хранливите материи, тоа може да доведе до недостаток на витамини. Со текот на времето, ова може да резултира со болни или исцрпувачки симптоми.

Според лекарите, три знаци на недостиг на витамин Б12 може да се забележат додека јадете: губење на апетит, болки во јазикот или устата и проблеми со варењето.

Недостатокот на витамин Б12 е еден од недостатоците што може да биде опасен ако се игнорира.

Витаминот Б12 е суштинска хранлива материја која се наоѓа во многу животински производи, како што се месото, сирењето и јајцата. На човечкото тело му е потребен за да создаде здрави црвени крвни зрнца. Без функционални црвени крвни зрнца, не е возможно да се пренесе кислород низ телото. Ова може да предизвика цела низа здравствени проблеми.

За среќа, недостатокот на Б12 обично лесно се лекува. Но, додека не ги забележите симптомите и не побарате помош, тие може да го отежнат секојдневниот живот, а во тешки случаи, состојбата е поврзана со срцева слабост, дијабетес, артритис, па дури и со рак на желудникот.

Ако забележите какви било знаци на недостаток на Б12, треба да го посетите вашиот општ лекар.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста