Утрински Весник
Свет

Иран: Хеликоптерот на Раиси се запали откако удри во рид, без траги од куршуми

677z381 Iran Poginuo Predsednik Ebrahim Reisi Pad Helikoptera 664fbeeb6045b.jpg

Трупот на хеликоптерот на починатиот ирански претседател Ебрахим Раиси се запалил откако удрил во рид, се вели во прелиминарниот извештај на Центарот за односи со јавноста на иранскиот Генералштаб за падот.

Со сигурност може да се каже дека хеликоптерот кој се урнал се запалил дури откако удрил во рид, јави ТВ ИРИБ. По падот, пилотот успеал да воспостави контакт со пилотите на уште два хеликоптери, кои превезувале други членови на претседателската делегација, соопшти Центарот за односи со јавноста на иранскиот Генералштаб.

Потрагата продолжи и во текот на ноќта поради магла, студено време и нерамен терен. Конечно, местото на несреќата го лоцираше иранско беспилотно летало во понеделникот во 5 часот по локално време. И Центарот за односи со јавноста на иранскиот Генералштаб соопшти дека на трупот на хеликоптерот на починатиот ирански претседател не се пронајдени траги од куршуми.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше погребан претходно денеска во светилиштето Имам Реза во Машхад, најсветото место за шиитските муслимани во Иран. Според градоначалникот Мохамадреза Каландар Шариф, околу три милиони луѓе присуствувале на погребот во родниот град на Раисија.

Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и други официјални лица загинаа кога хеликоптерот се урна на 19 мај во северозападниот дел на Иран. Во несреќата загинаа и двајца телохранители, двајца пилоти и еден член на екипажот.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk