Утрински Весник
Македонија

Во Пекинг одбележан денот на сесловенски просветители Св. Кирил и Методиј

Picture 727 660x500 1.jpg

Во амбасадата на Северна Македонија во Пекинг се организираше културен настан по повод денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј на иницијатива од Катедрата за македонски јазик при Универзитетот за странски студии во Пекинг.  Амбасадорот Сашко Насев подари книги на библиотеката од Катедрата за македонски јазик. Раководителката Чен Цјао се заблагодари и изрази надеж за успешна соработка во иднина. Под раководство на лекторката Рената Пенчова студентите ги рецитираа песните „Раѓање на зборот“ од Ацо Шопов, „Букви“ од Гане Тодоровски, „Везилка“ од Блаже Конески, „Глаголица“ од Анте Поповски. Во настанот се вклучи и македонската заедница, која живее и работи во Пекинг и проф. Јасмина Џуровска-Блажеска, професор по математика и природни науки во Меѓународното училиште Чинхуа, Пекинг. Таа ја промовира македонската култура и јазик преку неформални и дополнителни активности. Во настанот учествуваа и нејзините колеги од Кина, Шпанија, Виетнам, Филипини и рецитираа поезија  од македонски и кинески поети. За време на настанот се интерпретираа и македонските народни песни како „Македонско девојче”и Јовано Јованке”, „Назад, назад Калино моме”.

Можете да прочитате

Тошковски: Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога

Метеж на Табановце и Богородица – се чека по 20-30 минути за влез и излез!

Познатата македонска писателка за изјавата на премиерот: Човек треба да е среќен, а среќата произлегува од слободата, а слободата значи право на избор