Утрински Весник
Македонија

Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

De Vid Gir.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Амбасадорот на Европската унија во Северна Македонија, Дејвид Гир од Тетово денеска порача дека демократските и мирни избори ќе резултираат со нова Влада, а тие како ЕУ сакат да соработуваат со сите политички партии кои ќе ги одржуваат и унапредуваат евро-интегративните процеси на државата. Тој рече дека нема да ги коментира преговорите што се одвиваат за состав на нова Влада.

– Очигледно имаше демократски и мирни избори кои ќе резултираат со формирање на нова Влада. Ние во Европската Унија, се разбира, ќе сакаме да работиме со сите оние кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ и интеграцијата во ЕУ, спроведување на реформите и сите неопходни чекори кои би ја довеле земјата што е можно поскоро во ЕУ, истакна Дејвид Гир.

На новинарско прашањето дали тие разговараат со партиите и дали ќе се заложат за интеграција на земјата во ЕУ, Гир одговори дека се во комуникација со сите, но дека формирањето влада не припаѓа на ЕУ.

– Сега практично сите политички партии за време на изборната кампања поставија јасна агенда, про-ЕУ агенда и нивното верување дека ќе ја придвижат земјата напред кон Европската унија, истакна Дејвид Гир.

Амбасадорот на Европската унија во Северна Македонија на Универзитетот во Тетово одржа предавање на тема „Пpоширување на ЕУ

Можете да прочитате

Намалена видливост кај Ресен и Удово

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети