Утрински Весник
Свет

Захарова: Германија одбива да ја признае опсадата на Ленинград како чин на геноцид

Tus13fb10k Marija Zaharova Pokraj Vakvi Prijateli Na Zapadot Na Ukraina Ne Se Potrebni Neprijateli.jpeg

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова денеска изјави дека Берлин одбил да ја признае опсадата на Ленинград од страна на Третиот рајх како чин на геноцид.

„Властите на Сојузна Република Германија упорно одбиваат официјално да ги признаат злосторствата на Третиот Рајх против човештвото како акти на геноцид врз народите на Советскиот Сојуз, извршени во периодот на Големата патриотска војна. Прво, тие одбиваат да се признае блокадата на Ленинград како такво злосторство, ова произлегува од неодамнешниот одговор на Министерството за надворешни работи на Германија на нотата на руската амбасада во Германија, со соодветно барање од руската страна.

Во дипломатската нота од руската амбасада во Берлин се наведува дека Москва инсистира на официјално германско признавање на злосторствата на Третиот рајх како акт на геноцид.

Во документот се забележува „контрадикторниот пристап кон прашањето за официјалното признавање на злосторствата против човештвото како акти на геноцид извршени од Германија во минатото“.

На овој начин, се додава, Берлин ги призна злосторствата за геноцид од ерата на колонијализмот, но тоа се уште не е направено во врска со делата против народот на Советскиот Сојуз за време на Втората светска војна.

Можете да прочитате

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30

ИОК за превртено олимписко знаме: Жалиме за овој инцидент, но ова не е крај на светот

Новинар тврди: Албанските спортисти на отварањето на ОИ вееле лажно знаме