Утрински Весник
Македонија

СКАНДАЛОЗНО: Избришана е целата архива на веб страницата на претседателот на државата

Image 12.png

Едвај десет дена поминаа од новиот мандат на новата претседателка на државата, Гордана Сиљановска Давкова а таа започна со коренити промени во институцијата. 

Од пред некој ден избиршана е целата архива на вести поврзани со поранешните и доскорешниот претседател Стево Пендаровски.

Во делот насловен медиа центар каде се наоѓаат информациите поврзани со активностите на претседателот не може да се најде ништо за поранешниот претседател.

Целиот отсек има само две страници и вкупно 17 вести, од кои најстарата е од 12 мај, кога Давкова беше инаугурирана во Собранието.

Па така ако некој од надвор ја отвори веб страницата се добива впечаток дека пред Давкова воопшто и немало претседател и дека фунцкијата без малку почнува од неа. 

Инаку, ваквото „ретуширање“ на веб страница на некоја институција досега немало и секогаш при промена на која било власт веб страниците содржеле инфорамции за активностите на претходниците, така беше и при промената на претседателката функција, но и при промена на владите, на министерставата и другите органи од државната управа.

Можете да прочитате

Кривична за ексдиректорот на ЈЗУ Здравствен дом Куманово: Незаконски ангажирани 68 лица и 353.573 евра штета на буџетот

СДСМ за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Мојсоска: Кој „не ги виде” машините во изворот што ја снабдува Струга со вода?