Утрински Весник
Спорт

Тиквеш испиша клупска историја со освојувањето на Купот на Македонија

Kup Trofej.jpg

Тиквеш е новото име на спсокот со освојувачи на фудбалскиот Куп на Македонија. Во пресметката на дебитантите во финалето од најмасовното натпрреаврување, прволигашот од Кавадарци Тиквеш ја совлада Воска спорт од Охрид (2:1). Тиквеш сосема заслужено испиша клупска историја со освојувањето на прв трофеј од своето постоење. Кавадарчани бодрени од неколку илјади свои навивачи на арената „Тодор Проески“ во Скопје целосно доминираа уште од самиот почеток на мечот.

Тиквеш поведе во финишот од првото полувреме со прецизено изведен слободен удар на Христијан Стојкоски. Офанзивната на кавадарчани резултираше со втор гол на Луан Силва во 59-та минута, па тоа беше најава за голем успех на Тиквеш, иако завршницата донесе и драма. Грешката на голманот Ренер му овозможи на Шаркоски да намали на 2:1, но во 92-та минута, голманот на Тиквеш прерасна и во херој, бидејќи со одлична интервенција спречи втор гол за Воска и продолженија. Кавадарчани ќе бидат дел од европските квалификации во Конференциската лига.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари