Мексико го зафати топлотен бран од кој освен луѓе страдаат и животни, а од жештините умираат мајмуни и паѓаат мртви од дрвјата. Најмалку 138 завивачки мајмуни, вид познат по своите карактеристични, гласни повици, се пронајдени мртви во државата Табаско во Мексиканскиот залив каде температурата надмина 45 степени.
Благодарение на локалните жители, пет животни итно се префрлени во локалните ветеринарни клиники, каде ветеринарите се борат да ги спасат од дехидрација и топлотен удар.
„Мајмуните се донесени во критична состојба, со дехидрација и треска. Тоа се симптоми на топлотен удар“, вели д-р Серхио Валензуела.
Од март досега од топлотниот бран починале најмалку 26 лица, а ветеринарите тврдат дека жештините убиле десетици, а можеби и стотици мајмуни завивачи.