Утрински Весник
Балкан

Во Србија уапсени уште седум лица во акцијата „Армагедон“ против педофили

Policija Srbija.jpg

Во продолжение на акцијата „Армагедон“ полицијата во Србија уапси седум лица поради постоење основи на сомнение дека ги сториле кривичните дела прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување малолетник за порнографија и сексуално вознемирување.

Уапсени се: М. В. (1958) од Шабац, Н. Б. (2000) од Пирот, П. С. (1999) од Лесковац, М. А. (1980) од Тутин, П. Д. (2000) од Смедерево, Л. Л. (1995) од Врање, додека против триесет и едногодишниот неготинчанец во редовна постапка ќе биде поднесена кривична пријава, соопшти МВР на Србија.

Тие се осомничени дека преземале, складирале и споделувале содржини создадени со експлоатација на деца за порнографски цели во подолг временски период преку Интернет. Исто така, постои сомневање дека комуницирале со деца преку социјалните мрежи од нивните лажни сметки, испраќале фотографии и видеа со порнографски содржини и добивале содржини кои произлегуваат од експлоатација на малолетници.

При претрес на становите на осомничените, при преглед на компјутерите и компјутерската опрема, пронајдени се фотографии и видеа создадени од сексуална експлоатација на деца. Во најголем дел од случаите се работи за деца на возраст од шест до 10 години, но и на возраст до две години, стои во полициското соопштение.

Пронајдени се и пораки во кои осомничените сексуално вознемирувале деца и малолетници, односно некои барале да им испратат слики и видеа на кои се голи.

Можете да прочитате

Туристите и граѓаните на Грција добија итни СМС предупредувања: Се приближува силно невреме, град и грмежи

Катаклизма во Црна Гора: Невремето урна мостови од 400 тони – двајца мртви

Одат на седми избори по ред: Бугарската десничарска партија не успеа да формира влада