Утрински Весник
Балкан

Вучиќ: Ќе има разочарувачки вести од Њујорк од некои земји за кои не очекувавме „да ни забијат нож во грб“

1716314353 Vucic Rts 4 750x380 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска најави дека при гласањето на Резолуцијата за геноцидот во Сребреница ќе има „разочарувачки вести“ во однос на позициите на некои земји. „Ги добивме податоците, секако дека ќе има разочарувачки вести во однос на ставовите на некои земји за кои не очекувавме „да ни забијат нож во грб“, но очекувавме голем притисок и знаевме дека ќе има промени во ставовите. Цело време молчеа, но застанаа на страната на оние кои се големи и силни“, изјави Вучиќ на новинарите во обраќањето од Њујорк. Тој изјави и дека верува оти „многумина кои ќе гласаат за Резолуцијата за геноцидот во Сребреница утре ќе кажат дека таа е за доброто на Србија“. „Ќе ја повторат празната приказна дека не е колективна вина на српскиот народ“, рече претседателот на Србија. Вучиќ рече дека ќе има „и такви кои ќе го издржат притисокот“. „Парадоксално е што седницата на Генералното собрание на Обединетите нации ќе ја отворат Германците, повторно ќе ни судат, ќе одговорам и ќе возвратам на секој удар, а ќе имаме доволно пријатели кои ќе се појават во четврток навечер“, изјави Вучиќ.

Можете да прочитате

Евростат: Албанија со најголем пад на населението во регионот

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес