Утрински Весник
Македонија

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – Постои опасност од по силно невреме и поројни поплави

Download 24.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес од пладневните часови на повеќе места низ Македонија Атмосферата значително ќе се дестабилизира, што значи ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Атмосферата поради високите температури, спарното време и топлиот бран од југ е многу загреана и исполнета со многу енергија, па така локално, особено во западната половина од државава, Пелагониско, како и во делови од северните предели, но и во Скопскиот регион ќе се создрадат услови за по силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да предизвика локални поројни поплави, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на граад кој би можел да биде по крупен.

Во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења препорачуваме голема внимателност, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер и по крупен град, автомобилите да се заштитат. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, во Скопје до околу 28 степени.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје