Утрински Весник
Свет

Застрашувачко видео: итно слетување на авион на „Ер Индија“ со 179 патници и членови на екипажот, моторот се запали

Screenshot 2024 05 20 114414.jpg

Авион на „Ер Индија“ со 179 патници и членови на екипажот бил принуден итно да слета откако избил пожар во еден од моторите на авионот.

Како што објави „Дејлимејл“, се работи за лет од Бангалор до Кочи, а инцидентот се случил минатиот викенд.

Набрзо по полетувањето избил пожар на еден од моторите на авионот. Никој не бил повреден при овој инцидент. За проблемот била известена контролата на летање, била издадена тревога и пожарот бил изгаснат 20-тина минути по неговото избувнување.

На социјалните мрежи е објавен клип снимен од еден од патниците во авионот, кој седел на десната страна. Во позадина се слушаат гласовите на преплашените патници.

„Ве молам, останете на вашите места. Сè е под контрола“, се слушаше преку системот за јавно обраќање откако некои од преплашените патници се обидоа да го напуштат запалениот авион.

Набрзо бил активиран и воден топ, кој брзо го изгаснал пожарот.

„Сите бевме исплашени. Плачевме. Персоналот беше професионален, ни помогна и бевме безбедни за една минута. Многу сме им благодарни”, рекол еден неименуван патник.

Во соопштението на „Ер Индија“ се наведува дека пожарот го зафатил десниот мотор на авионот, поради што е извршено итно слетување, при што соодветните служби за итни случаи го изгаснале пожарот и ги евакуирале патниците:

Жалиме за предизвиканите непријатности и работиме на алтернативни аранжмани за нашите клиенти што поскоро да стигнат до својата дестинација“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30