Утрински Весник
Македонија

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од Фронтот, но ние ќе ги обелодениме сите детали од тајните договори

Screenshot 2024 05 18 170343.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Одлуката на Управниот суд и Државната изборна комисија за прегласувањето на неколку избирачки места во ИЕ 5 и 6, денеска беше повод да се собере раководството на ДУИ на вонреден состанок во седиштето во Тетово. Лидерот на партијата, Али Ахмети пред средбата порача дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од Европскиот фронт, но нагласува дека тие ги знаат сите детали од тајните договори. -Овде прашањето не е дали Европскиот фронт загуби или освои два мандата. Европскиот фронт победи на изборите на 8 мај 2024 година. Победата на Фронтот беше запечатена на 8 мај. Сите политички акробации, тајни договори во подруми се неприфатливи и казниви. Затоа што се шминкаат чекор по чекор. И не треба да се толерира ниту еден чекор поназад, туку сите страни да размислуваат. Ги знаеме сите детали за договорите во црвените визби, политичките договори, а во иднина детално ќе излеземе за сите договори каде што ќе ги приложиме на јавноста, изјави Ахмети.

Можете да прочитате

Во ќелијата на газда Деко бил најден мобилен телефон

Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Голиот Рид“, во режија на Игор Алексов 

Во декември МВР регистрирала 18.318 сообраќајни прекршоци