Утрински Весник
Скопје

Во Скопје денеска ќе се одржи првиот „Dog Fest”

20240517081358 Big 730x400 13.webp.webp

Сите љубители на кучиња денеска имаат можност да се дружат на првиот „Dog Fest” што ќе се одржи во Скопје.

Настанот ќе почне во 12 часот и ќе трае до 16 часот, а организаторите најавуваат забавни игри за милениците и едукација на голем простор специјално опремен со реквизити за кучиња.

„Dog Fest” ќе се одржи во „Hera Happy friendly dogs”, спроти црквата Пантелејмон во Долно Нерези. Целта на настанот е да се подигне свеста за милениците и за одговорното сопствеништво.

– Добредојдени  се сите сопственици заедно со нивните кучиња, а влезот е бесплатен, велат организаторите.

Можете да прочитате

Герасимовски: Учениците од ООУ „Киро Глигоров” од 4. до 9. одделение времено ќе следат онлајн настава

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар

Герасимовски: Ги расчистуваме дивите депонии и ги санираме проблемите низ маалата