Утрински Весник
Македонија

Ордановски: Мицкоски никој не слуша освен Силјановска и нема разбирање за висока политика, тврдат луѓе од врвот на ВМРО-ДПМНЕ

Politikanti.jpg

„Они се фрапирани, бидејќи не им е јасно кому му користи оваа ескалација. Но, велат дека нема начин, ниту можност некој да му каже на оваа тема на Мицкоски. Единствената со која разговара Мицкски е Силјановска Давкова. И мислам дека тука се содава едно идеолошко лоби во ВМРО-ДПМНЕ, во кое што мислам дека и многу вмровци, овие што разбираат политика, се шокирани. Тие со месеци убедуваат за нов предлог со Бугарија, но никој не сонувал дека сега со грците, на ваков начин да влеземе во конфликт, кој што ќе не врати назад,“ посочи Сашо Ордановски во поткастот Политиканти на Слободен печат повикувајќи се на разговори со луѓе од врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој се осврна на тоа дека Мицкоски ја отерал работата до Хаг, изјавувајќи дека ако ова не им се допаѓа на грците аргументите ќе бидат соочени во Хаг. Осврнувајќи се разговорите со врвот на ВМРО-ДПМНЕ, според кои Мицкоски е избувлив и нема големо разбирање за висока политика.
Тој дополни дека истите велат и дека има можност планот на Мицкоски да е една радикална внатрешна политичка агенда, бидејќи како што најави укинување на советот на судии, советот на јавни обвинители, кои со ова мнозинство тоа може и да се направи.

„И што е разликата од него и неговиот претходник, се чини ќе продолжи таму каде што застанаа. Бидејќи ако сега повторно треба да се претвори судството во некакви сваровски накити, и обвинителството да се наполни со обвинители кои што ќе слушаат наредби , што и како да прават, а се под превезот на независноста, тоа сме го гледале со децении,“ посочи Ордановски.

Можете да прочитате

Фото-Сиљановска-Давкова објави фотографија дека се сретнале со Бајден и се држеле за рака

Забрана за движење на одредена категорија моторни возила на патот А3, Ресен – Охрид

Битиќи со критика за непочитување на албанскиот јазик во Собранието