Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло, до 25 степени

Sonchevo so oblaci.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На североистокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 20 до 25 степен.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени.

Според УХМР, утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има се до средината на следната недела. 

Можете да прочитате

Мицоски: За мене Македонија е свето име

Банкарски работник зголемувал лимитите на неговата и картичката на сопругата, ќариле над 10.000 евра

Скопјанка тешко повредена, при нагло кочење паднала во автобус