Утрински Весник
Свет

Столтенберг нападот на Фицо го смета за атак на демократиите и отворените општества

Stoltenberg 5.jpg

За генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг подмолниот напад врз словачкиот премиер Роберт Фицо е напад врз демократиите и отворените општества. Ова Столтенберг го истакнал во разговор со словачкиот вицепремиер Роберт Калинак, а на платформата „Х“ напиша дека изразил солидарност со премиерот Фицо и народот на Словачка. – Мораме да застанеме заедно и да ги браниме нашите вредности – напиша Столтенберг. Словачкиот претседател Петер Пелегрини рече дека Фицо и понатаму е во сериозна, но стабилна состојба и дека може малку да зборува. – Може да зборува, но само неколку реченици и прилично е уморен со оглед на тоа дека е на лекови – изјави Пелегрини кој го посети Фицо во болница.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена