Утрински Весник
Балкан

Вархеји: До 2027 година земјите од Западен Балкан треба да бидат подготвени за во ЕУ

Screenshot 2024 05 16 195327.png

До 2027 земјите од Западен Балкан треба да бидат подготвени да бидат дел од ЕУ и за тоа не треба да има веќе оправдувања, порача комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји пред лидерите на државите од регионов на Самиот во Котор кој се одржува под слоганот под слоганот „Еден регион, заедничка визија“.  Планот за раст на Западен Балкан, кој Европската комисија го усвои во ноември лани предвидува финансиска поддршка од шест милијарди евра, од кои две милијарди се грантови, а четири милијарди поволни заеми од ЕУ. -Нема да има оправдувања, ако може да ја употребам балканската терминологија бидејќи и јас доаѓам од таму, нема веќе оправдувања Западен Балкан да не биде подготвен до 2027 да стане дел од ЕУ-изјави Оливер Вархеји.
Најави дека по изборите во ЕУ, идната Европска комисија ќе биде таа која уште повеќе ќе ја прошири ЕУ.
-Идната европска комисија треба да биде комисија за проширување која до крајот на мандатот ќе види нови членки кои се поканети. Доста сум сигурен дека со се што имаме направено овој мандат, последно со планот за зголемувањата, Западен Балкан ќе биде дел од тоа проширување-изјави Вархеји.
Во Котор присутен беше и помошник секретарот на САД, Џејмс О’Брајан кој рече дека САД сакаат да ја видат Европа, целосна, слободна и во мир.

Можете да прочитате

Албанија: Усвоена новата изборна реформа, малцинствата не добија загарантирани места во Парламентот

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата 

По Македонија и БиХ и Грција ја стресе земјотрес