Утрински Весник
Магазин

Внимание: За некои матуранти матурските прослави се луксуз, за други потреба

Trn.jpg

По повод матурските прослави, но и по матурски испити и матурски концерти, екипата на „Внимание“ ги прашува матурантите – дали матурските прослави денес се потреба или луксуз?
Матурантите имаат поделени мислења, исто како и во однос на прашањето дали треба да се полага државна матура. Некои сметаат дека матурските прослави се луксуз, други потреба. Некои сметаат дека државната матура не треба да се полага („искрено ќе кажам „не“, бидејќи е голем стрес – вели една матурантка“), други дека е неопходна („реалноста е дека оценките се ставаат со врски, а не со знаење“ – како што вели друг матурант).

Според повеќето испитаници субвенции за матуранти и полуматуранти се добра идеја. Најтешко прашање за матурантите беше – Како вие би ги мотивирале другите матуранти да останат да студираат или да работат во Македонија? Неколку матуранти воопшто не беа ниту мотивирани, ниту пак мотиватори за студирање или работа во Македонија: „Би ги мотивирал да си одат, на пример, начинот на живот тука е многу подобар, ама парите што се прават во странство се неспоредливи“; „Да најдат работа тоа што им се свиѓа, да дадат се од себе да може да се опстане овде, да се работи со добра плата и овде“, велат матурантите.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Можете да прочитате

Новинарката од “Здраво Македонијо” се онесвести во познат скопски локал – Ги бара докторките кои несебично и притрчале на помош

Три хороскопски знаци кои ги обвинуваат другите за сè лошо што им се случува

Овие 3 десерти ги обожувала цела Југославија, а денес ретко кој ги прави: Заборавените слатки задоволства по рецепт на нашите баби