Утрински Весник
Македонија

МОРБИДНО: Со нож ѝ се заканиле на судијката Кацарска

Kacarska.jpeg

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска добила закани по својот живот, потврдија и од Уставен суд.

„По поставените прашања од повеќе медиуми Уставниот суд потврдува дека во текот на вчерашниот ден претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во полициска станица пријави евентуално загрозување на сигурноста, откако на нејзиниот приватен паркинг, во близина на нејзиниот дом, на место каде што се наоѓа нејзиниот личен автомобил е најден нож до прекинувачот за струја кој го осветлува делот околу нејзиниот паркинг и некои други предмети. Што се однесува до прашањата дали станува збор за некаква закана, порака до претседателката Кацарска или се работи за случајност очекуваме одговорите да ги даде истрагата“ велат од Уставен.

Оттаму додаваат дека Кацарска и претходно била мета на закани особено на социјалните мрежи кои таа до сега не ги пријавувала

„Во однос на прашањата дали имало закани досега, претседателката Кацарска потврдува дека имало повеќе непријатности во јавноста и ситни инциденти изминатиот период кои не се пријавени, закани преку социјалните мрежи, но на нејзино лично инсистирање, не дозволи да се реагира се до вчерашната пријава“ велат од Уставниот суд.

Можете да прочитате

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ

Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини