Утрински Весник
Свет

Немири во Нова Каледонија поради реформите, гореа згради и училишта, еден убиен

Nova Kaledonija.jpg

Повеќе од 130 лица се уапсени во Нова Каледонија, француска прекуморска територија, по втората ноќ на насилни протести, соопшти француската висока комисија, а телевизијата БФМ објави дека едно лице загинало во немирите.

Немирите започнаа во понеделникот додека Франција расправаше за планираниот закон со кој на илјадници француски граѓани на јужниот пацифички архипелаг ќе им се даде право на глас, а со тоа и поголемо политичко влијание.

Запалени се бројни згради и училишта, повредени се околу 60 полицајци

Националното собрание во Париз преку ноќ ја усвои реформата со 351 глас за и 153 против.

Во нередите беа повредени околу 60 полицајци, но нивната „посветеност и професионалност“ се за пофалба, соопшти комисијата.

Запалени се бројни згради, вклучително и училишта. Беше спречено планираното затворско бегство во главниот град Нуме, се додава.

Во сила е ноќен полициски час, а од жителите е побарано да го ограничат движењето во текот на денот, според Комисијата. На сила е и забраната за собирање, продажба на алкохол и носење оружје. Аеродромот беше затворен.

Можете да прочитате

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос

Евакуирана железничката станица Сен-Шарл во Марсеј поради оставен багаж