Утрински Весник
Балкан

Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти

20240515081451 Big 730x400 7.webp.webp
Dik 300x250 mk

Најмалку 30 јахти изгореа во голем пожар што избувна во пристаништето Медулин на хрватското крајбрежје, јави хрватската национална телевизија ХРТ, повикувајќи се на информации од полицијата во Истра.

Полицијата добила дојава за пожар во пристаништето утрово во 03:55 часот. Досега изгореа 30 пловила, а неколку од нив потонаа.

Пожарот се уште беснее, се слушаат и експлозии, јави ХРТПожарот се шири од една на друга јахта. Засега нема информации за жртви во пожарот.

Медиумот јави дека просечната цена на една јахта усидрена во тоа пристаниште е околу 150. 000 евра.  

Можете да прочитате

Уставниот суд ја поништи одлуката на владата, Велиај може да се врати како градоначалник на Тирана

Пицула: Одложувањето на решението за кризата во Србија може да доведе до ризик од посериозни конфликти

Владимир Штимац уапсен пред РТС, фрлен на подот (ВИДЕО)