Утрински Весник
Свет

Илон Маск повторно сведочи во истрагата на СЕК за преземањето на Твитер

D0b8d0bbd0bed0bd D0bcd0b0d181d0ba D180d0b0d0b7d0bcd0b8d181d0bbd183d0b2d0b0d0bc D0b4d0b0 D0b3d0b8 D0bdd0b0d0bfd183d188d182d0b0d0bc D181 63d4430c61494.jpeg

Американскиот федерален суд нареди дека Илон Маск мора повторно да сведочи пред Комисијата за хартии од вредност на САД (СЕК) за неговото преземање на Твитер за 44 милијарди долари.

СЕК го тужеше Маск во октомври за да го принуди извршниот директор на производителот на електрични автомобили Тесла и ракетната компанија Сепјс Икс (SpaceX) да сведочи откако тој одби да биде испрашан во септември за целите на истрагата.

Милијардерот тогаш изјави дека СЕК се обидува да го „малтретира“ со бројни судски покани.

Истрагата се обидува да утврди дали Маск ги прекршил федералните закони за хартии од вредност кога купил акции на Твитер во 2022 година.

Исто така, се разгледуваат изјавите и поднесоците што ги дал во СЕК поврзани со договорот, објави агенцијата претходно.

Можете да прочитате

Американец за кого постои сомневање дека е заразен со ебола имал контакт со најмалку 26 Чеси

Двегодишно дете падна од 15-ти кат во Вашингтон и преживеа

Шет лица се избодени во напад во Лондон – полицијата го бара сторителот