Утрински Весник
Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова го прими италијанскиот амбасадор Силвестри

Foto Scaled.jpg

Новоизбраната претседателката на Северна Македонјија, Гордана Сиљановска – Давкова денеска го прими амбасадорот на Италија во земјава Андреа Силвестри. На средбата амбасадорот Силвестри ѝ честита на изборот на претседателката Сиљановска Давкова и ѝ посака успешно  извршување на претседателската функција. Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека двете земји имаат традиционално пријателски односи и изрази силна подготвеност за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и интензивирање на севкупните билатерални односи со Италијанската Република, преку засилување на постоечките и изнаоѓање на нови можности за соработка.

На средбата беа разменети мислења за текот и натамошните чекори во однос на евроинтеграциите на земјава, при што претседателката истакна дека ќе се залага за широк општествен консензус во однос на прилагодување на македонското со европското законодавство, со цел доследно исполнување на реформските процеси и зголемување на кредибилитетот на процесот на проширување на Европската Унија.

Претседателката изрази благодарност за досегашната улога и пристап на Италијанската Република во поддршката за целиот регион во врска со процесот на европските интеграции и укажа на позитивниот однос на официјален Рим при надминување на споровите со своите соседи при приемот на нови членки во Унијата.

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова изрази надеж дека Италијанската Република и во иднина принципиелно ќе ја поддржува земјава во мериторниот процес на исполнување на европските критериуми со цел забрзана интеграција на земјава во ЕУ, што претставува заеднички интерес за поширокиот регион.

Можете да прочитате

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес

Гори над скопското село Кондово