Утрински Весник
Свет

Пропалестинските демонстранти ги зазедоа универзитетите во Амстердам, Гронинген и Ајндховен

Amsterdam University 2.webp.webp

Пропалестинските демонстранти денеска ги окупираа универзитетските згради во холандските градови Амстердам, Гронинген и Ајндховен, осудувајќи ја израелската војна на Појасот Газа, соопшти холандската група која стои зад протестите.

Портпаролот на Универзитетот во Амстердам (УвА) потврди дека зградата на универзитетот е окупирана и ги повика оние што не се поврзани со протестот да ја напуштат. Технолошкиот универзитет во Ајндховен соопшти дека десетици студенти мирно протестирале пред институцијата и биле поставени 10 до 15 шатори.

Студентите во Холандија протестираат против израелската војна во Газа од минатиот понеделник, а имаше и судири со полицијата на Универзитетот во Амстердам. На универзитетите во САД и Европа се одржуваат главно мирни демонстрации со барање за итен и траен прекин на огнот. Демонстрантите, исто така, бараат образовните институции да ги прекинат финансиските врски со компаниите за кои тврдат дека профитираат од угнетувањето на Палестинците.

Можете да прочитате

Мерц во ненајавена посета на Украина; Захарова: Убиецот се враќа на местото на злочинот

Иран: Го осудуваме насилното задушување на студентските протести во Франција

АфД со рекордна поддршка од 30 проценти и огромна предност во однос на другите